Како големото количество на шминка го уништува вашето лице?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Предновогодишните, а и новогодишните забави се веќе на прагот. Сето тоа е прилика во која женскиот пол настојува да заблиска во полн сјај, а тоа се постигнува со многу шминка.

Во оваа статија ќе напишеме неколку реченици за тоа како со шминката ја уништувате вашата кожа.

Со премногу шминка вашата кожа едноставно не може да дише бидејќи порите се затворени, а со тоа се суши кожата и почнува да се лупи. Освен тоа, премногу шминка и изборот на лош производ може да доведе до забрзано стареење на кожата.

A post shared by Index Rouge (@indexrouge) on

Како да ги избегнете овие лоши работи?

Како прво, секогаш нанесете хидратантна крема пред ставањето на подлогата, а потоа запомнете дека секогаш треба да а отстранете шминката пред спиење.

Не штедете на одредена козметика бидејќи лошата шминка може да предизвика проблеми кои покасно може да чинат и дупло.

Внимавајте и на чистотата на четкиците за шминкање бидејќи сигурно не сакате на својата кожа да нанесувате прашина.