Како до добитната комбинација здраво да се храните и да бидете најадени

Не секој здрав оброк знае доволно да најаде, па за кратко време откога сме го изеле повторно сме гладни. Главната причина за тоа е ако состојките во него не се добро комбинирани или одредени фалат. Еве неколку такви добитни комбинации.

Зеленчук богат со растителни влакна

Зеленчукот се препорачува да е дел од секое јадење – тој е хранлив, полн со антиоксиданси, има малку калории, а е полн со растителни влакна кои не заситуваат бидејќи заземаат простор во дигестивниот систем. Влакната исто така го забавуваат варењето, што значи храната богата со нив ќе не држи сити подолг период. Сите зеленчуци содржат растителни влакна, но најбогати со нив се артичокот, брокулата, карфиолот и кељот.

Протеини

Освен што го подобруваат метаболизмот, протеините подобро заситуваат отколку јаглехидратите и мастите. Доколку јадете животински производи, одличен извор на протеини се јајцата, морската храна и живината, а доколку сте веган, полни со протеини се леќата, гравот, грашокот, и наутот.

Масти од растително потекло

Нив ќе ги најдете во авокадото и разните ореви и семиња, ладно цеденото маслиново масло, медитеранските маслинки, и разните путери и пестоа, како тие од кикирики, бадеми, и разни мешунки. Мислењето дека секое масло дебелее е веќе одамна застарено и потврдено како неточно, така да гледајте секој оброк да содржи масти од ваков тип.

„Добри“ јаглехидрати

Рафинираните јаглехидрати и шеќери се оние „лошите„ , кои иако се калорични не заситуваат премногу бидејќи го подигаат нивото на шеќерот во крвта што предизвикува лачење на инсулинот, кое пак потоа предизвикува пад на шеќерот во крвта и повторно јавување на чувството за глад.
Затоа, одберете помали порции храна богата со јагленохидрати како овесот, киноата, слаткиот компир, свежото овошје и сл.

Не штедете на билки и зачини

Свежиот или сушен босилек, оригано, рузмарин, лук, ѓумбир, цимет, куркума, ким, кора од лимон, бибер. Сето ова се препорачува во колкави сакате количини (според вкусот) да го додавате во храната која што ја јадете. Тука спаѓаат и разни оцети како балсамичниот, како и разни лути пиперчиња.