Home Мода и убавина Како да одберете соодветна хидратантна крема според вашата возраст

Како да одберете соодветна хидратантна крема според вашата возраст

Како да го одберете вистинскиот хидратантен крем во зависност од вашите години

Пред да инвестирате во хидратантен крем, научете како да го направите вистинскиот избор.

При раѓање, 75% од вкупната човечка тежина е вода, процент што во возрасната доба, во најдобар случај, се сведува на 60%. Неповолните услови на животната средина и природното стареење на кожата доведуваат до намалување на нивото на влага и ослабување на природните механизми за задржување на водата. Затоа, соодветната хидратација на кожата е клучна за одржување на доброто здравје и цврстина.

Ова се најдобрите совети кои ќе ви помогнат да одлучите кој крем за лице да користите во зависност од вашата возраст:

Во 20-тите години

Во оваа клучна декада се поставуваат темелите за кожата која ќе ја имате во иднина. Богат хидратантен крем за подобрување на сјајот на кожата е основен дел од рутината за нега.

Во 30-тите години

Околу 30-тата година почнуваат да се појавуваат првите знаци на стареење во форма на мимички брчки околу очите или челото. Тогаш стануваат поочигледни и последиците од пушење, стрес, неадекватна исхрана, хронично изложување на загадувачи, како и сонце без соодветна заштита. Време е да ја замените вообичаената хидратантна нега со крем со антиејџ својства, кој ќе помогне во спречување на предвремено стареење. Производи со антиоксиданси, како витамин Ц, се идеален избор.

Во 40-тите години

Во оваа декада, стапката на регенерација на кожните клетки постепено се намалува, што води до сè поизразени знаци на стареење. Состојки како хијалуронска киселина, ретинол и антиоксиданси што ги врзуваат штетните слободни радикали се клучни за избор на хидратантен крем во четириесеттите години.

Од 50-тите години и понатаму

Намаленото производство на естроген, а подоцна и неговиот целосен прекин, влијае на редукцијата на колагенот и еластинот. Кожата почнува да станува потенка, а брчките и фините линии се поизразени од кога било. Истовремено, нивото на хијалуронска киселина се намалува, што резултира со потемна и дехидрирана кожа. Жените над 50 години треба да користат специјални креми за зрела кожа, со состојки што ја поттикнуваат продукцијата на колаген и еластин за помладешки изглед. Идеални се производите со антиоксиданси, како витамин Ц, и пептиди што ги снабдуваат клетките со хранливи материи и ја стимулираат продукцијата на колаген. За уште подобри резултати, одличен избор се кремите со хијалуронска киселина, која може да ги “пополни” фините линии и да ги минимизира брчките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Рибарска естетика: Тренд што ќе го олесни преминот кон пролет

Во модата најмногу ја сакаме нејзината моќ да нè пренесе во некој друг свет, а најновиот т…