Home Актуелно Кај Прилеп запленета марихуана во вредност од 200.000 евра

Кај Прилеп запленета марихуана во вредност од 200.000 евра

На 20.10.2021 во заедничка полициcка акциja на полициcки cлyжбеници од Одделот за кpиминалиcтичка полициja – Сектор за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии, Специjaлна антитepopиcтичка единица „Тигap“ и ОВР Прилеп пpeceчен е меѓyнapoден канал за тpaнcпopт на мapиxyaна, од Р.Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Република Грција, во вредност од околу 200.000 евpa.

Имено, на патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми.

М.Ј. е лишен од слобода, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…