Home Спорт Кабиб не го дава појасот: Издоминира против Пориер за 28:0! (ВИДЕО)

Кабиб не го дава појасот: Издоминира против Пориер за 28:0! (ВИДЕО)

Кабиб Нурмагомедов го одбрани појасот во лесна категорија во УФЦ, пишува Спортски.мк.

Вечерва во Абу Даби го совлада Дастин Пориер кој се предаде во третата рунда.

Кабиб од самиот почеток тргна во свој стил. Го фрли Пориер на под и се обиде брзо да заврши, но Американецот добро се бранеше.

Пориер добро влезе во втората рунда. Го погоди неколку пати Кабиб, но набрзо повторо беше фрлен на под каде што Кабиб имаше апсолутна доминација и контрола која му носеше бодови.

Во почетокот на третата рунда Пориер го нападна, Кабиб се ослободи и одново превзема контрола над борбата и во оваа рунда го приморува Пориер да се предаде и ја брани титулата шампион.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…