Кабиб: Го молев Бог да ме остави сам во кафезот со онај кловн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Непоразениот светски шампион во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов синоќа беше дочекан во Дагестан после големата победа над Мекгрегор.

Покрај што им се извини на своите фанови за нападот на тимот на Мекгрегор после борбата, Кабиб одржа и краток говор.

„Го молев Бог само за едно – да ме остави сам во кафез со онај кловн. Тоа го барав од него секој ден“, рече Кабиб во обраќањето пред своите фанови.

„Го молев да не бидеме повредени, да го завршиме мерењето и на крај да бидеме заклучени во кафез. Многу работи беа кажани надвор од кафезот, а јас реков дека не одговарам за своите постапки кога ќе се заклучат вратите од октагонот“.

„Во врска со она што се случи потоа… Некои велат дека сум погрешил, некои дека постапив правилно. Едноставно, не можете орел да го ограничите во кафез“, истакна Кабиб.