Home Спорт Јунајтед го бара детето што го доби медалот од Мурињо во Скопје

Јунајтед го бара детето што го доби медалот од Мурињо во Скопје

По завршувањето на натпреварот во Супер купот на УЕФА во Скопје, Мурињо сребрениот медал му го подари на едно дете од трибините, фан на Манчестер Јунајтед.

Имено, Мурињо отиде до трибината со навивачите на Манчестер Јунајтед, и го подари медалот на едно дете во публиката, а набргу потоа, преку официјалната Фејсбук страница на клубот, беше соопштено доколку некој го знае среќниот млад фан, да го контактира клубот.

„Врвен гест од Жозе, што го подари медалот од УЕФА Супер купот на млад навивач! Дали некој го познава среќниот добитник? Ве молиме контактирајте не“, објавено е на страницата на Манчестер Јунајтед.

„Јас ќе го ставам медалот некаде во мојата куќа, а за тоа детем тој медал ќе вреди како злато. Тоа е нешто што никогаш нема да го заборави“, изјави Мурињо по мечот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…