Home Актуелно „Југохром“ останува затворен додека не се доизградат филтрите

„Југохром“ останува затворен додека не се доизградат филтрите

Премиерот Зоран Заев апелираше дека како влада и држава правиме сѐ што е во наша моќ за да го рестартираме Југохром.

„Го стимулиравме сопственикот, кој е во преговори за продажба на комбинатот со турски потенцијален купувач кој работи во истата дејност, да го доизгради филтерот. Се надеваме дека ќе се договорат и оти новиот сопственик ќе биде поажурен“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Југохром го затворивме и го условивме сѐ додека не ги постави филтрите нема да биде отворен заради здавјето на луѓето од Полог. Обезбедивме повеќе од 1,1 милиони евра за изградба на фитрите, а газдата досега има вложено сопствени 500.000 евра. Преговараме за да го мотивираме да продолжи со постапката за поставување на филтрите за која обезбедивме дополнителни 1,1 милиони евра, иако станува збор за приватна сопственост“, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

Во моментов, посочи, течат преговори помеѓу швајцарскиот сопственик со потенцијален купувач од Турција кој работи во таа дејност и е подготвен да го заврши целиот процес и се надева дека ќе се договорат.

„Доколку се договорат ќе се забрза процесот на поставување на филтрите, а со тоа и стартувањето на Југохром. Како држава сме направиле сѐ, иако станува збор за приватна сопстеност. Веројатно ќе изгубиме одредени гласови заради тоа што луѓето не работат, но сепак здравјето е пред сѐ и над сѐ, и стоиме зад него. Правиме сѐ што можеме Југохром час поскоро да биде ставен во употреба“, потенцира Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…