ЈО поднесе обвинение против напаѓачот на Радмила Шеќеринска


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Јавното обвинителство поднесе обвинение против напаѓачот на Радмила Шекеринска на 27 април во Собранието.

Според обвинението, истиот се товари за кривично дело насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години. Обвинението е испратено до Кривичниот суд на оценување.

Напаѓачот беше на распит во јавното обвинителство, а за дел од медиумите изјави дека не се кае за стореното, бидејќи не ја нападнал Шекеринска, туку сакал да и помогне. Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска се здоби со тешки телесни повреди.

Ова е второ обвинение кое е поднесено за настаните од крвавиот четвроток на 27 април. Претходно беа обвинети и осудени на условни казни девет лица  за учсетво во толпа. За напаѓачите на Зијадин Села се уште нема обвинение.