Јавно објавено досието на ФБИ за основачот на „Плејбој“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Федералното Истражно Биро јавно ја објави содржината од нивното досие за основачот на списанието „Плејбој“ и своевремено маркантната шоубизнис фаца, починатиот Хју Хефнер.

Хефнер беше еден од многуте познати личности кои агенцијата ги истражуваше во текот на годините, и чии истражни досиеја се од јавен интерес за новинарите, фановите и истражувачите.

Американската сојузна полиција неколку пати од 1950 до 1985 година го испитувала Хефнер , пренесе АБЦ Њуз.

Во досието се наоѓа и документот упатен на тогашниот директор на ФБИ Едгар Хувер во кој задолжениот агент се изјаснува дека Хефнер и неговиот фотограф Едвард Опман се ставени под надзор за да се открие дали некој од нив двајца пренесува „порнографски снимки“ преку границите на сојузните држави. Истрагата сепак не покажале дека Хефнер и неговиот фотограф сториле такво казниво дело.

„Лицата кои биле испрашувани изјавиле дека Хефнер е премногу паметен и итар за да ги прекрши сојузните или локалните закони“, заклучила истрагата на ФБИ.

Во досието се и новинарските исечоци од случајот во кој Хефнер се изборил за правото преку пошта да го испраќа „Плејбој“ магазинот до претплатниците, а тоа да не претставува кршење на законот.

Кога личноста од јавен интерес ќе почине ФБИ ги преземе сите чекори за објавување на неговото досие на сајтот на ФБИ.

На сајтот на ФБИ се објавени досиеја на неколку славни личности како што се Елвис Присли, Мајкл Џексон и Френк Синатра , како и на Едвард Кенеди и мафијашот Ал Капоне.