Home Актуелно Јавната референдумска кампања завршува денес – од полноќ предреферендумски молк

Јавната референдумска кампања завршува денес – од полноќ предреферендумски молк

Јавната пропагандна референдумска кампања која изминативе денови беше во полн ек официјално завршува вечер на полноќ, од кога стапува на сила предреферендумскиот молк.

Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес ќе одржи прес конференција кое повикува на бојкот на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

„Ве известуваме дека АВМУ испрати известување до сите радиодифузери, во кое им посочи дека едукативната и информативна медиумска кампања Твој став, твое право на Државната изборна комисија не се смета за платена јавна пропаганда за Референдумот и од тие причини можат да ја емитуваат и во деновите на референдумот“, се вели во одговорот на АВМУ на барањето на ДИК.

Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот започнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…