Home Актуелно Јанушев: Имало организирано гласање, поткуп, уцени, закани

Јанушев: Имало организирано гласање, поткуп, уцени, закани

Народот се дигна против власта на Заев. Потврдена е новата реалност, народот бара промени. Тргна падот на Заев и неговата власт, а народот победува, истакна на пресконференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Заев ја губи поддршката, а бројот во општини каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен. Реалноста е дека народот бара правда, слобода, стандард, принци и вредности, истакна Јанушев.

Тој додаде дека власта денес воопшто не беше на висината на задачата, бидејќи се забележани огромен број на нерегуларности.

Индициите и сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека имало организирано гласање, поткуп, уцени, закани…

-Денес, народот победи. Очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и се` освен победа на Силјановска ќе фрли огромна дамка на овие избори. Ова за нас е битка за правда, принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, а падот на Заев почна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…