Home Актуелно Јанакиески, Јанкулоска и Протоѓер признаа вина по обвиненијата во случајот „Титаник“

Јанакиески, Јанкулоска и Протоѓер признаа вина по обвиненијата во случајот „Титаник“

Бившата министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на транспорт и врски Миле Јанакиески, бившиот шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети во „Титаник“ признаа вина, некои за сите дела, некои за дел од делата.

Признавањето вина доаѓа откако денешното рочиште за случајот „Титаник“ почна од почеток бидејќи имаше промена на поротник во судечкиот совет.

Јанкулоска признала вина за сите делата за кои се гони, а Протуѓер и Јанакиески не признаа само за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Меѓу осумтемина што признаа вина е и поранешната заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковска.

Дел од нив рекоа дека ќе преземаат одговорност како морален чин, како и дека сметаат оти овој судски процес не ни требало да почне со оглед на помилувањата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Во секој момент во Кривичниот суд се очекува да почне посебно судско рочиште за нив, додека за преостанатите обвинети што не признаа вина судењето ќе продолжи во посебна постапка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…