Ја собори Селена Гомез, му се заканува на Роналдо – Гранде гази на Инстаграм

Славната пејачка Аријана Гранде ја симна од инстаграмскиот трон Селена Гомез во „категоријата“ жена со најголем број следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Аријана во моментов ја следат 146.410.524 корисници на Инстаграм, додека Селена Гомез има 146.312.817 следбеници. До крајот на октомври минатата година, Селена беше најследена личност на Инстаграм, за потоа на тронот на најследени на Инстаграм да се искачи Кристиано Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Тогаш таа стана најследена жена на Инстаграм, но сега од таа позиција ја симна Аријана Гранде.

Гранде е многу поактивна на Инстаграм отколку Селена, па за кратко време лесно успеа да сдобере 13 милиони следбеници, со што ја победи Селена.