Ја реметат оти е во врска со 35 години постар „дедо“ – таа вели дека љубовта нема граници


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


24-годишната Саманта Крозби е студентка од Вашингтон која од своите врснички се разликув по тоа што нејзиниот дечко е малку повозрасен за разлика од момчињата не девојките од нејзината генерација. Добро, малку повеќе постар.

Саманта е во врска со 35 години постар маж кој го запознала во локален кафич каде тој свирел гитара. Таа вели дека знаела дека тој е вистинскиот само што го погледнала, па прва му пришла и инсистирала да се запознаат.

Нејзините пријатели, загрижени поради романсата во која се впуштила постојано ѝ зборувале, но таа тврдела дека е во најдобрата врска во нејзиниот живот.

„Изгледаше многу добро и уживав додека го слушав како свири. А, кога започнавме да зборуваме сфатив дека и тој ужива во истите работи како јас“, раскажува девојката која е свесна дека нејзината љубов не ја одобруваат многумина.

„Често пријателите се шегуваат со мене, ми се смеат и зборуваат дека излегувам со дедо. Ниту мојата мајка не ја прифаќаше мојата врска на почетокот, но сега сите се прилагодија на него. Многу се трудев и борев за оваа врска“, додава Саманта.

Нејзиниот одбраник е Макси Милс, кој е наставник во училиште, а досега бил три пати во брак и има две возрасни деца, кои се постари од неговата девојка.

„Разликата во годините ме плашеше, но не сакав да ја отфрлам можноста да бидам со некој кој толку многу ми одговара“, открил Милс.