Home Актуелно Ја нападнал и истепал за 70 денари

Ја нападнал и истепал за 70 денари

Млада девојка е физички нападната ноќта кон неделата во скопската населба Пржино, од засега непознат крадец, чиј плен се само 70 денари и лични документи.

Како што соопшти СВР Скопје, инцидентот се случил во неделата околу 2,30 часот на улицата Кавалска, кога засега непознат разбојник на 20-годишната Е.О од Скопје, и пришол од зад грб и со бокс ја удрил во тилот.

Кога девојката паднала од ударот на земја, насилникот и ја земал чантата во којашто имало паричник со лични документи и 70 денари, а потоа избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…