Израел бара извинување од официјална Москва за изјавата на Лавров дека Хитлер имал еврејски корени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Израел го повика рускиот амбасадор и побара извинување од официјална Москва поради изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејски корени.

Лавров во интервју за италијанска телевизија на 1 мај, беше запрашан како Русија може да тврди дека треба да ја „денацифицира“ Украина, кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, бил Евреин.

Тој ја бранеше целта на рускиот претседател Владимир Путин за „денацификација“ на Украина и рече дека еврејското потекло на украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја поткопува позицијата на Путин.

„Кога велат ’Каква е оваа нацификација ако сме Евреи‘, мислам дека и Хитлер имал еврејско потекло, така што тоа не значи ништо“, изјави Лавров за италијанскиот ТВ канал „Рете 4“.

„Веќе долго време слушаме како мудриот еврејски народ вели дека најголемите антисемитисти се самите Евреи“, тврди Лавров.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид рече дека рускиот амбасадор ќе биде повикан на „тежок разговор“ поради коментарите. Изралескиот министер вели дека коментарите на Лавров се „непростливи и скандалозни и ужасна историска грешка“.

Надежите за мир слабеат, руската офанзива се засилува на истокот на Украина

„Евреите не се убиваа самите себе во холокаустот. Најниското ниво на расизам против Евреите е да се обвинат самите Евреи за антисемитизам“, рече Лапид.

Претседателот на Јад Вашем, израелскиот споменик посветен на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот рече дека изјавите на Лавров се „навреда и тежок удар за жртвите на вистинскиот нацизам“.

Говорејќи за израелското радио Кан, претседателот на Јад Вашем, Дени Дајан рече дека Лавров шири „антисемитска теорија на заговор без фактичка основа“.