Home Актуелно Излета камион на влезот од Прилеп (фото)

Излета камион на влезот од Прилеп (фото)

Тешко товарно возило од типот „Сканија“ пред еден час излета од патот пред влезот во Прилеп.

Сканијата се движела од Битола кон Прилеп по стариот пат, но сеуште не се знаат причините за несреќата, само дека во моментов времето е врнежливо и лизгаво.

Возачот изгубил контрола над камионот, излетал десно од патот и се превртил.

Прилепската полиција е на терен и врши увид во несреќата.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…