Home Спорт Изјавата на Марсело ја крена Шпанија на нозе!

Изјавата на Марсело ја крена Шпанија на нозе!

Фудбалерите на Реал Мадрид и Пари Сент Жермен во среда играат финале пред финалето во Лигата на шампиони, а Марсело додатно ја вжешти атмосферата со својата изјава.

Марсело во изјава за шпанските медиуми истакна дека е убеден дека Нејмар еден ден ќе заигра во Реал Мадрид.

„Убеден сум дека Нејмар ќе дојде во Мадрид. Големите играчи треба да играат за Реал и мислам дека Нејмар соврешено се вклопува во тоа. Би било одлично да дојде во Мадрид. Навистина верувам дека тоа ќе се случи еден ден“, изјави Марсело.

Медиумите веќе неколку месеци го поврзуваат Нејмар со трансфер во Реал поради лошите односи во соблекувалната на „светците“.

И капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва истакна дека не е сигурен дали неговиот сонародник ќе остане во Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…