Home Актуелно Изгласано симнувањето на пратеничкиот имунитет на обвинетите пратеници за крвавиот четврток

Изгласано симнувањето на пратеничкиот имунитет на обвинетите пратеници за крвавиот четврток

Со поединечно гласање за секој пратеник посебно и со 5 гласа ЗА и 0 ПРОТИВ, Комисијата за мандатно имунитетни прашања го одобри барањето за притвор на шестемина пратеници за кои Кривичен побара симнување на пратеничкиот имунитет, пренесува Нова ТВ.

За Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, судија на претходна постапка побара симнување на нивниот пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за време на насилните протести на 27. април.

Претседателот на комисијата, пратеникот Павле Богоевски, ја отвори седницата, а во салата не дојдоа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ. Богоевски констатираше дека има кворум. Во салата во Собранието не беа ниту пратениците кои се тема на дискусија, односно за кои се одлучуваше дали ќе им биде одземен имунитетот.

Според Деловникот на Собранието, откако ќе заврши комисиската расправа, за конечната одлука ќе одлучува Парламентот на пленарна седница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…