Home Спорт Италијанските медиум тврдат: Алегри ќе се врати на кормилото од Јувентус

Италијанските медиум тврдат: Алегри ќе се врати на кормилото од Јувентус

Maсимилијано Алегри во овој момент е без ангажман, но многу брзо би можел да се врати во клупскиот фудбал.

Италијанските медиуми тврдат дека Алегри ќе се врати на кормилото на Јувентус, бидејќи „старата дама“ сигурно ќе се раздели со Андреа Пирло.

„Спортмедијасет“ тврди дека раководството на Јувентус донело одлука да го врати Алегри без оглед како ќе заврши сезоната.

Алегри е отворен за враќање во Торино и е во постојан контакт со претседателот Ањели, но поставил неколку услови.

Дибала да биде во центарот на неговиот проект и да му биде продолжен договорот. Роналдо може слободно да си замине, додека ќе побара од Киелини да остане уште една година поради неговото влијание во соблекувалната.

Алегри на клупата на Јувентус беше од 2014 до 2019 година. Освои пет титули шампион, четири Купа и два Суперкупа на Италија. Во тој период Јувентус играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…