Италијанскиот премиер си поднесе оставка – распад на владината коалиција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во очи најавеното гласање за доверба или недоверба на неговиот премиерски кабинет, италијанскиот премиер Џузепе Конте си поднесе оставка од премиерската функција.

Оставка од Конте пред 12 дена побара неговиот заменик и министер за внатрешни работи , Матео салвини , кој е лидер на партијата Лига, клучен коалициски партнер во Владата.

Пред да ја објави оставката Конте изјави дека барањето на салвини за негова оставка има големи последици во државата и на нејзината економија. ,,Оваа Влада со тоа го прекинува своето делување” , додаде Конте.

Со неговито потег , Италија автоматски оди на вонредни избори , кои ќе треба да ги распише претседателот Серџо Матарела.