Италија е ново жариште на коронавирусот – Македонките „мува не ги лази“ за осмомартовските аранжмани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


5 починати лица и 162 заразени од коронавирусот е црниот биланс кој ја тресе Европа и светот откако оваа епидемија ескалираше во Кина. Заразата се шири кон финансискиот центар Милано, поради што Италија е во паника затекната од оваа ситуација.

Од друга страна, македонските туристички агенции немаат мака со одложување на веќе резервираните осмомартовски патувања во Италија, бидејќи Македонките не се откажуваат од резервациите и предвидените авантури.

„Се си оди според планот, сите предвидени екскурзии по повод Денот на жената, Осми Март, во поголемите градови во Италија ќе се реализираат. Нашите клиентки немаат пројавено страв или загриженост поради коронавирусот, не е откажано ниту едно патување“, изјавиле за Фокус од повеќе познати туристички агенции, на чии интернет страници се нудат голем број на аранжмани по повод празникот, и тоа во Рим, Милано и други популарни туристички дестинации.

Паниката од коронавирусот којашто го ,,тресе” регионот, откако за два дена во Италија починаа четири, а се заразени 152 лица, очигледно нема да ги помати празничните планови на нашите дами кои што решиле да го поминат Осми Март на екскурзија во Италија.

За три ноќи во Рим, со појадок, авионски билети и водич, аранжманите по цена од околу 300 евра експресно биле распродадени, и досега не се случило ниту едно откажување, информираат од агенциите.

Милано пак, се нуди за околу 240 евра, исто три ноќи со појадок и авионски билети и интересот и покрај актуелните случувања, не бил намален.

Жени, кои што веќе уплатиле неколку рати за предвиденото осмомартовско патување во Италија, ни потврдија дека немаат намера да се откажат од истото. Велат дека имаат одреден страв, но сепак се тешат со помислата дека Италија е голема земја, и нема баш тие да бидат малерот и да го ,,закачат” вирусот.

„Долго време ја очекуваме екскурзијата низ повеќе градови во Италија, веруваме дека нема да има проблем. Тоа е развиена земја, се надеваме дека тамошните власти знаат што прават и ќе можат да се справат со коронавирусот“, изјавиле некои од жените кои што по две недели ќе заминат на празнична екскурзија.

Италија викендов стана трета земја во светот според бројката на заразени, а паниката поради ширењето на коронавирусот расте во регионот.