Искрена изјава на актерот: Си призна дека се лечел од алкохолизам


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудскиот актер Бен Афлек неодамна го завршил третманот за одвикнување од алкохол, пренесува The Guardian.

Актерот си ја отвори душата на својот пост на Фејсбук профилот во вторникот вечерта. 44-годишниот актер е татко на три деца, а за причина за алкохолизмот наведува дека се „виновни“ некои настани од минатото.

„Сакам да живеам со полни гради и да бидам најдобар татко на светот. Сакам моите деца да знаат дека не е срамно да побараш помош кога ти е потребна и да бидат извор на енергија на оние на кои им е потребна помош“, вели Афлек.

Додава дека голема среќа е што имал целосна поддршка од семејството и пријателите. Тој и Џенифер Гарнер најавија развод во 2015 година, после десет години брак. Брачниот пар уште не е разведен, но наведоа дека се во добри односи, а последно се зборува дека ја откажале и бракоразводната парница.

Афлек, освен што глумеше во неколку блокбастери како Batman vs. Superman: Dawn of Justice и Daredevil, режираше и неколку филма, вклучително и оскаровските Argo и Live By Night.

Тој и Мет Дејмон освоија Оскар за сценарио во 1998 година за Good Will Hunting.