Home Актуелно Иран го предупреди Трамп: Не си играј со опашката на лавот!

Иран го предупреди Трамп: Не си играј со опашката на лавот!

Иранскиот претседател Хасан Рохани го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп поради како што рече спроведување непријателски политики конТехеран, наведувајќи дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на целиот мир, а војната со Иран е мајка на сите војни”.

„Господине Трамп не си играјте со опашката на лавот, тоа може да доведе само до каење“, рече Рохани.

Ваквите изјави на иранскиот претседател, како што пренесува државната агенција ИРНА тој ги дал денеска на состанок со иранските дипломати.

Техеран силно ја критикува одлуката на претседателот на САД која тој ја донесе во мај годинава.Трамп одлучи да ја повлече неговата земја од договорот од 2015 меѓу Иран и водечките светски сили, кој гарантираше ослободување од некои санкции во замена за лимитирање на иранската нуклеарна програма. Тој повторно ги воведе санкциите кои беа укинати, спречувајќи многу меѓународни компании да водат бизнис со Иран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…