Home Актуелно ИПАРД 2 оглас за финансирање на земјоделски компании

ИПАРД 2 оглас за финансирање на земјоделски компании

На новиот ИПАРД оглас задругите и земјоделските компании можат да аплицираaт за кофинансирање на своите проекти. Средствата кои ќе се добијат со оваа програма се за преработката на земјоделските производи, енергетските системи и за изградба на објекти и инфраструктурата. Парите од ИПАРД 2 се неповратни и во висина од 50 проценти од вложенине трошоците.

Во ИПАРД 2 мерките наменети за преработувачката индистрија се за производството на млеко и млечни производи, месо и производи од месо.Тука се вклучени и производството на живина и на јајца, овошје и зеленчук, вино и мелнички и житни производи. Пари ќе има и за производство на енергија добиена со преработка на производи од растително и животинско потекло.

Прифатливи инвестиции за кофинансирање се и изградбата или реконструкцијата на објекти и фарми, складови за чување на храна и храна за добиток, амбари или силоси. Пари има и за магацини, ладилници и калибратори.

Исто така ќе се финансира и инфраструктурата на имотот на земјоделските компании, вклучувајќи ја и изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување на објектите, електрични инсталации, водоводи, систем за отпадни води, пумпни и бунари.

Стапката на кофинансирање е 50 проценти. Најниската вредност на вкупните прифатливи трошоци е 10.000, а максималната е 4.500.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…