Интересни факти за јапонските куќи и животниот стил на мештаните…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Традиционалните јапонски куќи се многу чудни за луѓето од западот бидејќи дизајнот е многу поинаков. Во јапонска куќа невозможно е да се најде некој дел од намештајот или некој украс кој е вишок. Секој објект има свое место и се има одлична симболика.

Јапонците не сакаат да претрупуваат работи во нивниот дом, па за нив идеално е на подот да имаат само Татами, што е традиционален килим направен од сламки. Татами исто така се користи како мерка за големина на просторот, со оглед на тоа дека во традиционална јапонска соба може да собере шест вакви килими.

Целиот намештај е во идентична боја, што и помага на личноста која престојува да биде потполно фокусирана и дека ништо не и одвлекува внимание. На тој начин исто така имате впечаток просторот е поголем и поширок.

Традиционалните јапонски куќи немаат ѕидови, наместо нив се користи фусум – лесна лизгачка врата направена од бамбус и листови од рижо. Фусумот може лесно да се мрда и да се тргне што на оние кои живеат во куќата им овозможува да го променат изгледот на ентериерот без проблем. Собата може да се претвори во две соби или едноставно може да се промени големината на просторијата.

Едно од правилата е купатилото и тоалетот да се во одвоени соби. Една соба или лавабо и туш кабина, додека другата има традиционална јапонска када која се нарекува офуро. Овие две простории имаат длабоко значење за Јапонците бидејќи во туш кабината може да се тргне прашината од телото, додека во кадата можат да се опуштат и уживаат.

Постојаниот атрибут во јапонските куќи е градина во која може да се влезе директно од куќата. Наместо врата, помеѓу градината и дневната соба стои еден вид лизгачка врата која се вика шоји. Кога е времето убаво, вратата е отворена.

Дополнително во куќната атмосфера е светлото кое доаѓа од лампата, низ прозорите и низ тенките ѕидови.

На Јапонците им е многу важен мирот во куќата и сметаат дека доколку во куќата имаат мир такви ќе бидат и тие. Во нивните домови нема силна боја и користат само намештај кој им е потребен за секојдневниот живот.