Home Спорт Интер спрема трансфер „бомба“ – доаѓа големо засилување!

Интер спрема трансфер „бомба“ – доаѓа големо засилување!

Новите сопственици на Интер, кинеската компанија „Сунинг“ спремила голем буџет за засилувања, а медиумите се сигурно дека следното лето ќе пристигне голема ѕвезда на „Џузепе Меаца“.

Имено, прва трансфер цел на „нероаѕурите“ е Хамес Родригез од Реал Мадрид, а самиот фудбалер потврди дека миланскиот клуб го контактирал уште минатото лето.

Интер нема да има проблем да плати и 70 милиони евра за неговиот потопис, но проблем е тоа што Колумбиецот сака преселба во Премиер лигата и наводно веќе има договор со Манчестер Јунајтед.

Поради тоа „нероаѕурите“ веќе имаат алтернатива, а станува збор за ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија. Аргентинецот не е среќен во Париз и сака да ја промени средината, а „нероаѕурите“ наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Медиумите тврдат дека потпретседателот Хавиер Занети веќе разговарал со својот сонародник и го убедил да се пресели во Милано, а „нероаѕурите“ се спремни да платат 60 милиони за евра.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…