Home Спорт Интер оваа недела носи три засилувања од Премиер лигата

Интер оваа недела носи три засилувања од Премиер лигата

Италијанскиот гигант Интер е во завршни преговори со три големи засилувања од Премиер лигата и трансферите би требало да бидат комплетирани оваа недела.

Првото засилување треба да биде плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен кој веќе има договор со „нероаѕурите“. Откако Интер исптрати понуда од 15 милиони евра плус 3 милиони како бонуси, се очекува двата клуба да ги договорат последните детали во следните денови.

„Нероаѕурите“ се во напредни преговори и со Челзи за трансфер на Оливие Жиру и Виктор Моузес. Напаѓачот треба да пристигне во перманентен трансфер за 1,5 милиони евра, додека за Моузес се работи за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.

Во меѓувреме Интер постигна договор со Фламенго за трансфер на Габигол за 20 милиони евра, па со тоа ќе ги финансира споменатите трансфери.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер треба да ги комплетира трите трансфери до мечот со Каљари кој на програмата е во сабота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…