Home Спорт Интер му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Интер му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека од раководството на Интер се подготвени да го понудат Иван Перишиќ на Манчестер Јунајтед во замена за Алексис Санчез.

Хрватот веројатно нема да биде откупен од Баерн Минхен и ќе се врати во Интер каде за него нема повеќе место.

Конте сака да го задржи Санчез и за таа цел ќе го понуди Иван Перишиќ на Манчестер Јунајтед.

Крилниот фудбалер од Хрватска се поврзуваше со транфер на „Олд Трафорд“ кога тренер на клубот беше Жозе Мурињо, но тогаш Јунајтед не сакаше да издвои 40 милиони евра за неговиот трансфер.

Сега Интер му нуди трампа на „црвените ѓаволи“, но се чини дека Солскјер не е заинтересиран за Хрватот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…