Home Спорт Иниеста со апел до Барселона: Не го продавајте Ракитиќ

Иниеста со апел до Барселона: Не го продавајте Ракитиќ

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста во интервју за шпанска „Марка“ упати апел до раководството на каталонскиот клуб да го задржи Иван Ракитиќ.

Ракитиќ оваа сезона не е во плановите на тренерот Валверде, добива мала минутажа, па се погласи се шпекулациите дека ќе ја напушти Барселона.

За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, а со оглед на фактот што Ракитиќ на лето влегува во последната година од договорот, Барселона е спремна да го продаде уште во јануари.

Легендарниот плејмејкер, Андрес Иниеста смета дека тоа би било голема гешка и го советува раководството да го задржи Хрватот.

„Јас да сум во Барселона не би го пуштил Ракитиќ. Тој игра одлично. Величествено е тоа што го прави сиве овие години. Годинава можеби не се истакнува како претходно, но тоа не значи дека не е врвен фудбалер“, изјави Иниеста.

Иниеста призна дека исто така во текот на својата играчка кариера добивал повици од Мадрид и дека не е ништо ново за тоа дека Реал ги контактира најдобрите играчи на Барселона.

Кратко ја искоментира и ситуацијата за Нејмар истакнувајќи дека би било многу добро доколку се врати на Камп Ноу, но и дека не е сигурен како би се вклопил со моменталната напаѓачка линија на Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…