Вебкафе

Имал 305 килограми, а денес изгледа вака!

После неколку години нездрав живот и прејадување, Рони од Њу Јорк тежел неверојатни 305 килограми. Пред две години лекарите му кажале дека нема да ја доживее својата 35-та година, ако во животот под хитно не воведи промени.

Тој тоа и го направил и досега ослабел неверојатни 180 килограми – сето тоа со вежбање и слушање на својата омилена пејачка Тејлор Свифт.

Тејлор е позната по исполнувањето на желби на своите фанови па така неговиот пријател Џој Буфано одлучил да ја побара Тејлор и да го награди за неговиот напредок. Тие двајца наскоро ќе одат на нејзиниот концерт и Џој се надева дека Тејлор ќе најде начин да стапи во контакт со него, а поради таа причина на Јутјуб објавил видео во кое се прикажува трудот на Рони низ 700 дена.

Во прилог видете ја неговата трансформација.

To Top