Актуелно

Има потреба од нов закон за заштита на потрошувачите за да се унапредат нивните права

Многу голем процент од граѓаните се соочиле со проблем во остварувањето на правата. Граѓаните посочуваат дека се соочиле со неквалитетните услуги, како и со неможност да ги остварат своите права во делот на сервисирањето и гаранцијата за производите од бела техника. Приговараат до трговецот или до давателот на услугите, но тие од своја страна не се заинтересирани да го решат проблемот во соработка со потрошувачите. Клучна е промената во судскиот систем, а тоа подразбира воведување мали спорови, односно куси спорови, со мали трошоци со цел да се охрабрат потрошувачите да решаваат евентуални спорови со трговците и давателите на услуги по судски пат.

Само со донесување нов Закон за заштита на потрошувачите може да се унапредат нивните права. Исто така, крајно време е да се воведат регистри за поплаки на потрошувачите кај секој трговец  давател на услуга, и она што е најважно е да се воведе интегриран систем за следење на поплаките на државно ниво, особено поради тоа што во урбаните средини потрошувачите се сè повеќе информирани и стануваат свесни за тоа кои се нивните права. Ова беше генералниот заклучок на денешниот форум што го организираа Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Многу голем процент од граѓаните се соочиле со проблем во остварувањето на правата. Граѓаните посочуваат дека се соочиле со неквалитетните услуги, како и со неможност да ги остварат своите права во делот на сервисирањето и гаранцијата за производите од бела техника. Приговараат до трговецот или до давателот на услугите, но тие од своја страна не се заинтересирани да го решат проблемот во соработка со потрошувачите. Клучна е промената во судскиот систем, а тоа подразбира воведување мали спорови, односно куси спорови, со мали трошоци со цел да се охрабрат потрошувачите да решаваат евентуални спорови со трговците и давателите на услуги по судски пат. Ова е веќе пракса во многу земји, трошоци за ваквите постапки речиси и не постојат, затоа треба да бидеме во чекор со остатокот во светот. За жал, кај нас резултатите од анализата покажуваат дека потрошувачите не веруваат дека со започнување судски постапки ќе се реши проблемот. Имаат недоверба во системот, високите трошоци ги одбиваат од таа постапка и сметаат дека таа е премногу сложена и долга. Со сегашната законска поставеност нивните права не се доволно заштитени. Само 4 проценти од граѓаните сметаат дека трговците и давателите на услугите ги почитуваат нивните права, што е загрижувачки податок, истакна професорот Иво Костовски при презентацијата на анализата од спроведената анкета за информираноста на потрошувачите за нивните права.

На денешниот форум беа презентирани и две публикации, едната од областа на туризмот, а другата од областа на домувањето, во кои детално се опишани правата на потрошувачите.

„Патувањето за секој поединец може да биде вистински кошмар доколку одредена агенција не го испочитува сето она што е наведено во договорот за патувањето. Затоа постои оваа брошура во која е наведено дека доколку во текот на патувањето не биде сè онака како што стои во договорот, треба прво да се вложи рекламација на претставникот од агенцијата и од него да се побара да се реши проблемот. Доколку сепак не го добиете до крајот на патувањето она што сте го платиле, треба да се поднесе приговор до агенцијата и таа да ве обесштети. Во случај да сте го прекинале патувањето, односно да сте се вратиле сами на своја сметка, незадоволни од услугата, покрај штетата, агенцијата е должна да ви ги надомести сите оправдани трошоци. Сите барања за обесштетување треба да бидат упатени до агенцијата организатор на патувањето. Битно е да се знае дека секој патник треба сам за себе да поднесе приговор. Ова се дел од нештата кои мора да ги знаат потрошувачите доколку сакаат да го остварат своето право во областа од туризмот, нагласи професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска.

Што се однесува пак до публикацијата Домување, најчести прашања се оние за правата и за обврските на сопствениците и корисниците во однос на заедничките простории во една зграда, за правилата за заклучување на главниот влез на зградата, како и за чувањето миленици.
Живеењето во колективни згради си носи свои прави и обврски. Реакциите на граѓаните се најразлични: поплаки во станбена зграда каде што одредени станари чуваат домашни миленици, нарушување на делот на покривните конструкции, поплавување, немање парно, расипани лифтови и кој треба да го реши тоа. Тоа се суштински работи за секое семејство и кога граѓаните ќе се судрат со овие проблеми, се обраќаат до нас и ние се обидуваме на најреален начин да ги упатиме како да го остварат своето право“, истакна Марјан Додовски, претседател на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје.

Секој корисник на стан, односно корисник на деловен простор во станбена зграда го пријавува секое оштетување и нефункционирање на заеднички дел или уред во зградата до управителот на зградата. Она што е важно е тоа дека во заедничките и посебните делови од станбената зграда не треба да се чуваат и да се оставаат домашни миленици без придружба и без заштитна маска доколку станува збор за поголеми кучиња. Имателите на домашни миленици мора да бидат свесни и да не го нарушуваат мирот на останатите сопственици и корисници на станови или деловни простории во станбената зграда. Во оваа насока, Општината Центар има посебна забрана за чување миленици кои се гласни, рече професор Ненад Гавриловиќ при презентацијата на публикацијата Домување.

Претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека сите нивни активности, секако, во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во текот на наредната година ќе бидат насочени кон создавање вистински услови за донесување на нов закон за потрошувачи.

To Top