Има основа на Ауди, а чини скоро 2 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај астрономската цена на овој автомобил не се сомневаме дека целокупната серија ќе биде распродадена.

Италдизајн минатата година го претстави првиот болид, Зироуно Купе, кој и покрај цената од 1,5 милиони евра е распродаден. Сите 5 купувачи без грижа на совеста искеширале за дизајнерското дело на евтина основа од Ауди R8. Два од автомобилите веќе се испорачани, а останатите 3 автомобили се довршуваат и се спремаат за испорака.

Тоа е многу логичен потег на комапнијата, на овогодинешниот саем во Женева ќе го претстават Зироуно Роадстар, и за него ќе бараат дури 1,9 милиони евра. Да, подвижниот кров е многу скап, па така тие за него бараат додатни 400.000 евра, кои тешко ќе ги оправдаат.

И овде во игра е 5.2 V10 мотор со 610 КС и 560 Nm, а се очекува дека ќе забрзува до 100 км/ч за околу 3,2 секунди.