Има најдолги нозе на светот и се надева дека ќе влезе во Гинис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


29-годишната Екатерина Лисина од Русија е висока 2,05 метри и откако беше прогласена за највисока Русинка, за себе вели дека е и највисок фотомодел на светот.

На 17 години Лисина ја заврши својата доста успешна кошаркарска кариера, а после тоа се посвети на модната кариера. Должината на нејзините нозе изнесува 133 см, а има стапало со должина 30,5 см и носи обувки со број 47.

„Се чувствувам навистина удобно во своето тело. Ги сакам своите долги нозе и долгото тело“, изјави Екатерина, која се надева дека ќе го собори Гинисовиот рекорд за најдолги нозе на светот.

Вели дека отсекогаш била атлетски градена и посилна од другите девојки на нејзина возраст, како и дека на 24 години сфатила оти нејзината висина е доста атрактивна. Сака да биде фотомодел уште од времето на тинејџерските години, но поради сплет на околности, почнала да се занимава со кошарка.

Со руската репрезентација во 2008 година ја освои олимписката бронза во Пекинг, а во 2006 година го освои и светското сребро во Бразил, додека во 2007 година се закити со европското злато во Италија.

„Кошарката ги смени сите работи. Кога наполнив 15 години го потпишав првиот професионален договор и тогаш сфатив дека мојата висина во суштина е добра карактеристика“, вели таа.