Home Спорт Игуаин му пресуди на Наполи и му порача на претседателот: Ти си виновен за се!

Игуаин му пресуди на Наполи и му порача на претседателот: Ти си виновен за се!

Гонзало Игуаин му пресди на својот поранешен тим Наполи и со два гола го однесе Јувентус во финалето на италијанскиот Куп.

Наполи, во полуфиналниот реванш, го победи Јувентус со 3:2, но „старата дама“ ќе игра во финалето бидејќи во првиот натпревар забележа победа 3:1.

Јуве во финалето го однесе Игуаин, кој ги постигна двата гола. Аргентинецот после првиот гол кој го постигна во 32-та минута со прстот покажа кон претседателот Де Лаурентис викајќи на глас:

„Ти си виновен за се!“

Аргентинецот на последните четири натпревари против својот поранешен клуб Наполи, има постигнато исто толку голови.

Јувентус за трофејот во Купот ќе игра против Лацио, а финалето ќе се одигра на 2-ри јуни на „Олимпико“ во Рим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…