Home Шоубизнис Играчите од Баерн Минхен се подновија со нови Audi машини – еве кој што си одбра (видео)

Играчите од Баерн Минхен се подновија со нови Audi машини – еве кој што си одбра (видео)

Играчите на Баерн Минхен секоја година добиваат нови Audi автомобили на користење од 12 месеци. Таа традиција трае веќе 15 години, а продолжи и оваа година.

Како и минатата година, Audi RS6 беше најпопуларен и најбаран модел, бидејќи повеќе повеќето фудбалери го моќниот караван, а меѓу нив се Хумелс, Жером Боатенг и Тијаго Алкантар. На второ место се Q7 и SQ7 TDI, кои ги избраа Милер и Франк Рибери. Популарен при изборот беше и SQ5, кој сега е во гаражите од Јуп Хејнкес, додека Феликс Геце вози A3 Sportback.

Фудбалерите отпатуваа во Инголштад за да ги преземат своите нови автомобили и ја посетија фабриката која е најголема во сопственост на Audi, а истовремено и втора најголема фабрика во Европа воопшто. Екипата од Баварците имаше можност да види како се произведуваат моделите А3, А4, А5 и Q2. Во оваа фабрика минатата година беа произведени 592.337 автомобили.

Посетата на Баерн во фабриката беше одлична можност за Audi да го покаже својот нов А8 модел, кој е веќе ексклузивно достапен во Европа со V6 мотор. Изложен е и А5 Sportback G-tron, кој може да се движи и на природен гас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Британи Махомс носеше змиски панталони за поддршка на Патрик на натпреварот на Чифс

Британи Махомс знае како да се облече за натпревар во Лас Вегас. На 31 година, Махомс на 4…