Игор Спасов го нема: МВР распиша меѓународна потерница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако не успеа да го лоцира и врати во Идризово, по распишувањето на национална потерница, МВР распиша меѓународна потерница по Игор Спасов, обвинет и осуден за убиството на Мартин Нешкоски.

Спасов од 18-ти октомври не е вратен во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната.

Пред два дена беше распишана национална потерница, откако Спасов се најде на листата побегнати криминалци кои се бараат само во Македонија. Откако поранешниот специјалец не беше пронајден, испратено е барање до судот за да се распише меѓународна потерница.

Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Од 14 години, тој одлежа половина. Казната затвор тој ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.