Home Актуелно Идниот правник Нинослав Нанков победник на 22. ораторска вечер „Иво Пухан“

Идниот правник Нинослав Нанков победник на 22. ораторска вечер „Иво Пухан“

Студентот на правниот факултет Нинослав Нанков е победник на 22. ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржа на правниот факултет „Јустинијан Први“.

„Нема слобода ако судската власт е зависна од извршната и законодавната власт“, потенцираше во својот говор студентот Нинослав Нанков.

Покрај говорот за потребата од реформи во судството на Нанков, кој е студент на Правниот факултет, на финалната вечер говореа уште девет студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на актуелни теми како неквалитетот на образованието, корупцијата и клиентелизмот, родовата еднаквост, конформизмот и Преспанскиот договор.

Ораторските вечери на Правниот факултет секоја година се одржуваат по повод 10 декември – Светскиот ден на човековите права и го носат името на професорот по римско право, д-р Иво Пухан, втемелувачот на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…