Home Актуелно Идентификуван напаѓачот кој избоде луѓе во Париз

Идентификуван напаѓачот кој избоде луѓе во Париз

Француски судски извори соопштија дека осомничениот застрелан од полицијата за време на смртоносниот напад со нож во Париз синоќа бил роден во Чеченија.

Според истите извори и таткото и мајката на осомничениот напаѓач се притворени на сослушување. Властите отворија истрага за нападот со нож во центарот на Париз, во кој загина едно лице, а беа ранети уште четири други лица. Исламската држава вчера потврди дека осомничениот бил еден од нивните „војници”.

Француските власти соопштија дека нападот се случил во област на десниот брег на француската престолнина. Полицијата соопшти дека двајца биле „сериозно повредени”, додека други две лица помалку повредени.

По нападот, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција уште еднаш ја плаќа цената на крвта и дека земјата нема да се откаже од „непријателите на слободата”.

Парискиот обвинител Франсоа Молинс изјави дека сведоците пријавиле дека осомничениот извикувал „Алаху Акбар” или “Бог е најголем” на арапски јазик. Француски градови беа нападнати во последниве години од серија терористички напади, од масовни убиства до помали, но и смртоносни напади.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…