Home Актуелно ИД објави видео од убиство на руски разузнавач

ИД објави видео од убиство на руски разузнавач

Џихадистите од Исламска држава објавија видео на кое се гледа убиството на лице, за кое се тврди дека е руски разузнавачки офицер, заробен во Сирија. Руското министерство за одбрана и Федералната служба за безбедност се уште не дале коментар за видеото на Исламска држава.

На снимката, на руски јазик, објавено на денот кога Русија со традиционална парада го одбележува Денот на победата над нацистиочка Германија во 1945 година, прикажан е маж во црн комбилизон во пустина и ги повикува другите руски агенти да се предадат.

Снимката трае 12 минути, но нејзината автентичност и идентитет на убиениот маж не се утврдени, ниту се знае местото на убиството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…