И улиците пеат под нејзините чекори: Што правеше Ирина 4 часа во станот на бившиот партнер Бредли Купер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светски познатата манекенка со руско потекло, 34-годишната Ирина Шајк, со својата грациозност, самоувереност и одличен изглед и обичните улици на Њујорк успеа да ги претвори во модна писта, покажувајќи ги своите долги нозе во ултра краток фустан и го надополни сексипилниот изглед со кратка јакна.

Со сигурен, но елегантен чекор, таа одеше по улиците на Вест во робусни чевли слични на Мартенс.

Таа е снимена само еден ден откако помина дури четири часа во станот на нејзиниот поранешен сопруг Бредли Купер, со кого ја има тригодишната ќерка Леа.

Медиумите пишуваат дека ова била само пријателска посета. Остана толку долго што дури и му се придружи на ручек затоа што при посетата во станот од Купер била донесена и храна.

Ирина и Бредли ја завршија својата романса во јуни 2019 година по неколкумесечни шпекулации дека се родила љубов меѓу Бредли и Лејди Гага, кои го направиле филмскиот хит „Sвездата е родена“.

Таа приказна се покажа како неточна, а пред неколку месеци започнаа гласини дека Ирина пронашла нова љубов. Била видена во време на мерките за изолација на прошетка со Вито Шнабел, уметничка дилер. Нивната врска не е целосно разјаснета.