Home Актуелно И двајца бугарски државјани со престој во Македонија ставени во домашен карантин заради коронавирусот

И двајца бугарски државјани со престој во Македонија ставени во домашен карантин заради коронавирусот

Пациентката кај која беше дијагностицирано првото присуство на коронавирусот во Македонија е во стабилна состојба.

Кај неа нема знаци на компликации и е во фаза на опоравување. Патниците кои патуваа со неа се во домашна изолација и во добра состојба.

„Од утрово имаме еден патник од Струмица кој дошол од Италија на 22 февруари, добил некои симптоми на грип, се јавил на еден од телефоните и од него е земен материјал. Во текот на денот ќе известите за резултатите од тестирањето“, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека и двајца бугарски државјани кои работат во една битолска компанија, се пријавиле дека биле во Италија и тие се во 14-дневен домашен карантин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…