Home Спорт Хрват во „коцкест“ дрес навиваше за Србија: Ова е само фудбал!

Хрват во „коцкест“ дрес навиваше за Србија: Ова е само фудбал!

Во денешниот прв натпревар на Мундијалот од групата „Е“ на Мундијалот Србија ја совлада Костарика со 1:0.

Големо внимание во регионот привлече навивачот кој со дрес од Хрватска дојде на стадионот да навива за Србија.

„Живеам во Русија веќе пет години, а претходно бев и во Германија. Крстајиќ го познавам од Бундес лигата и мислам дека Србија може да стигне до ¼ финалето. Кога во прашање е хрватскиот дрес, тоа не е никаква провокација. Сакав само да покажам дека сме еднакви и дека ова е само фудбал“, гласеше неговата изјава за „Телеграф“.

Да потсетиме и неговата Хрватска ден претходно освои три бода (победа против Нигерија 2:0).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…