Home Актуелно Христијан Мицкоски е нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Единствениот кандидат за лидерското место, Христијан Мицковски (40), на конгресот во Валандово, е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Oд вкупно 438 делегати на 16-от вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, 376 делегати гласале „за“, а имало 52 неважечки ливчиња.

Кандидатурата на Мицкоски помина во сериозни поделби во партијата. Актуелни и поранешни пратеници, поранешни министри покренаа иницијатива за одлагање на конгресот, повеќе време за негово организирање и демократизација на постапката за кандидирање. Претседателот во оставка Никола Груевски ја одби оваа иницијатива и на конгресот рече дека е изненаден од поделбите предизвикани од неговите најблиски соработници.

Мицкоски е доктор по технички науки-машинство, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје. Беше претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ, од советник на премиерот Никола Груевски. Магистрирал и докторирал на универзитети во Германија и Италија.
Од партиските активности, Мицковски беше претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, дел од Републички изборен штаб на изборите 2011, дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016, член на конгресот на партијата во 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски и член на конгресот во 2015 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…