Home Актуелно Хорор: Прегазил пешак, па избегал

Хорор: Прегазил пешак, па избегал

Синоќа околу 21:20 часот на регионалниот пат Струмица – Банско, на излезот од селото Куклиш е прегазен маж од засега непознато возило.

По несреќата возачот веднаш побегнал, а прегазениот маж починал на местото на несреќата.

Жители на селото Куклиш потврдуваат дека нивниот соселанец Г.С. (61) починал веднаш од здобиените повреди, а телото било однесено на обдукција во Скопје.

Од струмичката полиција ја потврдија несреќата, а со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…