Home Актуелно Хорор ја потресе Данска: Шестчлено семејство убиено во Илструп

Хорор ја потресе Данска: Шестчлено семејство убиено во Илструп

Шест членови на едно семејство се најдени убиени во нивниот дом во централна Данска, во селото Илструп, а полицијата го истражува убиството.

Според полицијата убиени се двајца возрасни и четири деца, по дојава дека нешто чудно се случува во куќата.

Најверојатно убиени се двајцата родители и четирите деца, две момчиња и две
девојчиња, неофицијално на возраст од 3 до 16 години.

Кога стигнавме на местото најдовме шест луѓе, двајца возрасни и четири деца, сите беа мртви, соопшти полицијата.

Полицијата и во вторник продолжува со истрагата на мистериозното убиство, а најавија дека истрагата може да трае со денови.

Не можеме со сигурност да кажеме што се случило во куќата, истрагата е во тек и се надеваме на некои одговори по завршување на аутопсијата. Истражуваме убиство и се надеваме дека наскоро ќе имаме детали, напишаа од полицијата. Аутопсиите се закажани за вторник попладне.

Училиштата и градинките во околината се под посебен безбедносен режим, со оглед на тоа дека официјално не се открива возраста на децата, а се претпоставува дека оделе во локалните училишта и градинки.

Ова е трагедија и грозен настан што се случи во Улструп. Секако ќе влијае на текот на денот и за училиштата и за дневниот престој, вели Расмус Молер, раководител на центарот за малди.

Го активиравме кризниот персонал и ќе бидеме тука за децата да им помогнеме да се изборат со тагата која ќе ја искусат денеска, додава тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…