Home Шоубизнис Холивудскиот убавец го чека своето прво дете на 54 годишна возраст

Холивудскиот убавец го чека своето прво дете на 54 годишна возраст

Холивудскиот убавец Џон Стамос, познат по улогата вујко Џеси Катсаполис од хумористичната серија „Полна куќа“, го чека своето прво дете и тоа на 54 годишна возраст.

Тој призна дека заедно со неговата партнерка Кеитлин разговарале на таа тема, но дури сега работите си дојдоја на висстински место рече тој и додаде дека и двајцата имаат слични ставови за животните вредности, па така еден со друг рекоја „Ох, па сега би можеле да имаме и семејство“.

Овој пар се вери во октомври оваа година и тогаш цел свет сведочеше за нивната љубов, иако долго му требало да ја запроси, а тоа конечно го направи во Дизниленд.

„Тогаш на ред дојде и темата за деца“ кажува и признава дека таа тема ја започнла неговата 31 годишна вереница, а тогаш бебето „едноставно се случило“, се нашали тој.

Така потклекна уште еден славен актер кој долго не беше сигурен дека ќе му се случи да биде родител.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …