Четири деца загинаа во судар на воз и школски автобус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Четири деца загинаа во четвртокот во судар на воз и автобус кој превезувал ученици во близина на градот Перпињан во југозападна Франција, пренесува Нетпрес.

Жртви се патниците во автобусот кој превезувал ученици на возраст меѓу 13 и 17 години. Несреќата се случила на премин преку железничка пруга околу 15 часот во Мила, во источни Пиринеи, во близина на границата со Шпанија.

Трагедијата се случила на опасен премин преку железничка пруга, каде што веќе се случиле неколку несреќи. Според регионалната управа на националниот железнички оператор SNCF, во време кога се случила несреќата преминот бил затоврен.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се повредени 19 лица, од кои седум тешко.

Францускиот премиер Едуард Филип пристигна на местото на несреќата оддалечено над 850 километри од главниот град Париз, како и министерката за сообраќај Елизабет Борн која сударот го нарече „страшна несреќа“ и министерот за образование Жан-Мишел Бланкер.

Претседателот Емануел Макрон во врска со инцидентот објави „целосна мобилизација на општеството“ чијашто цел е да се даде помош на настраданите.

https://www.facebook.com/FranceBleuRoussillonofficiel/videos/10155180713061238/