Херсон после рушењето на браната Каховка – тешко на народ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


После нешто повеќе од 24 часа од уништување на браната Каховка, последиците стануваат сè повидливи. Големото Каховско езеро продолжува да се празни, а водата оди во правец кон Црното Море.

Сателитските снимки покажуваат големи поплави од двете страни на реката Дњепар, особено на пониските области на југ, на територија што е под контрола на Русија. Нивото на водата во некои места е толку зголемено, што принуди луѓе да ја минат ноќта на кров и седејќи на дрва во исчекување да бидат спасени, наведува „Би-Би-Си“.

Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која наведува дека го прикажува градот Херсон, еден ден по поплавата што ја предизвика уништената брана на хидроцентралата Каховка.

„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа сe што можат за да го освојат овој град. Пратија војска, го гранатираа, го поплавија. Во ништо не успеаја. Така и ќе продолжи, како во Херсон, така и на други места во Украина“, објави украинското Министерство за одбрана.